Законодавно-правната комисија на американскиот Сенат во понеделник започнува со распит за потврдување на номинираната од претседателот Барак Обама, Елена Кеган, за член на Врховниот суд.
Кеган, либерал според политичките ставови, се очекува да се соочи со тешки прашања од републиканските членови на комисијата.
Обама во недела кажа дека критичарите на Кеган треба да обрнат внимание на нејзината мината работа и сведочење. Тој рече дека таа одлично се покажала како Заменик јавен обвинител на САД и дека е поддржана од некои конзервативни правници со кои работела.
Доколку е потврдена од Сенатот, таа ќе биде прв судија во речиси 40 години да служи на функцијата без ден искуство како судија.
Педесетгодишната Кеган е поранешен декан на Правниот факултет на харвардскиот универзитет. Во моментов таа е Заменик јавен обвинител на САД, на која функција ја претставува американската влада пред Врховниот суд.
Кеган е втората номинација на претседателот Обама за Врховниот суд. Неа ја номинираше за местото на судијата Џон Пол Стивенс кој заминува во пензија.
Законодавно-правната комисија на американскиот Сенат во понеделник започнува со распит за потврдување на номинираната од претседателот Барак Обама, Елена Кеган, за член на Врховниот суд.