Американскиот Сенат гласаше за потврдување на Елена Каган да служи во Врховниот суд на САД.
Сенаторите во четврток ја потврдија нејзината номинација со 63 спрема 37 гласови. Таа ќе даде заклетва на функцијата во сабота.
Американскиот претседател Барак Обама, кој ја номинираше за највисокиот суд во државата вели дека таа ќе биде одличен судија и му се заблагодари на Сенатот што и` дале целосен и фер распит.
Обама исто така кажа дека е горд што прави историја, велејќи дека за прв пат ќе има три судијки во Судот – нарекувајќи го тоа убав развој и знак на напредок.
Каган ќе го заземе местото на ветеранот судија Џон Пол Стивенс, кој се пензионира во јуни.
Таа не се очекува да ја промени идеолошката рамнотежа на судот, што во моментов има петчлено конзервативно мнозинство.
Републиканскиот сенатор Џеф Сешнс е гласен критичар на Каган. Тој ја обвинува за активизам и дека ќе ја искористи позицијата за напредок на нејзината политичка агенда. Други Републиканци го критикуваат нејзиниот недостиг на судиско искуство, забележувајќи дека таа никогаш не била судија.
Сенаторите во четврток ја потврдија нејзината номинација со 63 спрема 37 гласови. Таа ќе даде заклетва на функцијата во сабота.