Линкови за пристапност

Судијата Стивенс официјално најави пензионирање од Врховниот суд на САД


Судијата Стивенс официјално најави пензионирање од Врховниот суд на САД
Судијата Стивенс официјално најави пензионирање од Врховниот суд на САД

Судијата во американскиот Врховен суд Џон Пол Стивенс објави дека ќе се пензионира, давајќи му втора шанса на Претседателот Барак Обама да пополни празно место на високиот суд

Судијата во американскиот Врховен суд Џон Пол Стивенс објави дека ќе се пензионира, давајќи му втора шанса на Претседателот Барак Обама да пополни празно место на високиот суд.

Стивенс ова го соопшти во петок. Судијата, кој полни 90 години подоцна месецов, е најстариот член на високиот суд. Тој се очекува да ја напушти функцијата уште во јуни, кога судот ја завршува работата во сегашниов мандат.

Судијата Стивенс беше на страната на либералното крило на судот во повеќето кривични законски постапки, како и по прашања од висок профил како што е абортусот, граѓанските права и односите меѓу црквата и државата.

Сенатот мора да го потврди назначувањето на деветчлениот суд.

Новиот судија најверојатно нема да го промени идеолошкиот баланс на судот, што во моментов има петчлено мнозинство што е со конзервативна наклонетост.

Судијата Стивенс е меѓу најстарите судии во историјата на судот, но и меѓу оние кои најдолго служеле на функцијата. Ветеранот од Втората светска војна бил номиниран во судот во 1975 од републиканскиот претседател Џералд Форд.

Првата номинација на претседателот Обама за Врховниот суд, минатата година, Соња Сотомајор, стана прв судија во овој суд од хиспанско потекло.

XS
SM
MD
LG