Линкови за пристапност

Трамп најави дека ФБИ и Одделот за правда ќе го разгледуваат случајот на Смолет


Ослободувањето на актерот од сите обвиненија претседателот го нарече срам за државата

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека Федералното истражно биро (ФБИ) и Одделот за правда ќе го разгледаат случајот на Џаси Смолет, откако беа отфрлени сите обвиненија против него за лажно пријавување напад од омраза.

Трамп го нарече случајот срам за државата.

Засега нема изјави од ФБИ и Одделот за правда за најавената истрага.

Адвокатите на Смолет во вторникот изјавија дека случајот е чист.

Портпаролот на обвинителската канцеларија тогаш рече дека се отфрлени сите обвиненија против Смолет, во замена за општествена работа во заедницата, и нагласи дека ваквиот исход е соодветно разрешување на случајот.

Сепак полицијата на Чикаго и градоначалникот Рем Емануел изјавија дека ваквиот развој на настанот е без сомнеж пораз за правдата.

Смолет е познат по улогата во серијата „Империја“, која беше снимена во Чикаго.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG