ВАШИНГТОН —
Отфрлени се сите обвиненија против актерот Џаси Смолет за лажно пријавување дека бил цел на криминал од омраза.
Ослободувањето на Смолет денес го најавија неговите адвокати.
Портпаролот на обвинителската канцеларија потврди дека се отфрлени сите обвиненија против Смолет, во замена за општествена работа во заедницата.
Обвинителската канцеларија соопшти дека ваквиот резултат е соодветно разрешување на случајот.
Смолет им се заблагодари на семејството, пријателите и на фановите за поддршката во овој период.
Смолет е познат по улогата во серијата „Империја“, која беше снимена во Чикаго.
Facebook Forum