Линкови за пристапност

Работата на американска голема порота е често мистериозна

Неколку недели по фаталното застрелување на невооружен 18-годишник во Фергусон, Мисури, насилнички протести ја заменија смиреноста додека заседаваше големата порота.

Тоа е група од 12 приватни граѓани чија задача е да решат дали ќе бидат покренати обвиненија за извршено кривични дела против полицаецот Дарен Вилсон - човекот кој ги испука фаталните истрели.

Како работи голема порота е мистерија за повеќето Американци и голем дел од светот.

Концептот на голема порота датира од Англија во 12-от век, каде тие биле воспоставувани за да го заштитат народот од премногу ентузијастично гонење од страна на кралот.

Во САД, тоа право е зацртано во Петтиот амандман на Уставот, кој обезбедува дека „ниедно лице не може да се држи за одговорно за големо кривично дело доколку не е презентирано или покренато обвинение од голема порота“.

Авторитетот на големите пороти постои во сите 50 сојузни држави, и правилата варираат од држава во држава, со активности кои се протегаат од покренување обвинение за сериозен криминал до истрага за криминална активност и однесување на функционери.

За разлика од судски пороти, кои се среќаваат во отворен суд и решаваат дали обвинетото лице за е виновно за кривиччното дело или е невино, големата порота само ги сослушува доказите презентирани од обвинителот.

Доколку поротата утврди дека има „веродостојна причина“ да се верува оти е направен криминал и специфично лице или лица може да го извршиле, се покренува обвинение.

Бранителот не може да се обрати пред членовите на големата порота, како што може да биде случај со формално судење.

За веме на постапувањето на голема порота, ниту судијата ниту осомниченото лице се присутни. Работата се држи во тајност за да се заштити репутацијата на невиниот.

Во овој случај, сепак, Вилсон сведочел без адвокат.

Во друг невообичаен аспект на овој случај, обвинителството не и` кажа на големата порота за каков криминал Вилсон би можел да биде обвинет, оставајќи на поротата да реши дали и какво дело е извршено, според Вашингтон пост.

Во поголем број случаи, откако обвинителот ги презентирал сите докази на државата, тој бара од поротата да издаде обвинение и ја напушта собата.

Членовите на големата порота потоа гласаат со кревање рака по секое од обвиненијата што се разгледуваат. Во случајот на Фергусон девет гласови „за“ се потребни од 12-члена порота за да се покрене обвинение против полицаецот Вилсон.

Според Институтот Појнтер, меѓу некои клучни разлики меѓу големите пороти и поротите е што големата порота не треба да даде заклетва дека ќе биде непристрасна и таа може да врши истрага по сопствена иницијатива.

Докази од типот „кажал-слушнал“ може да бидат дозволени и нивото на докажување е многу пониско – што значи дека членовите на голема порота само треба да најдат веродостојна причина за покренување обвинение.

Во судска постапка, поротата треба да биде убедена дека има повеќе од „разумно сомневање“ дека лицето е виновно за кривичното дело.

XS
SM
MD
LG