Линкови за пристапност

Ослободениот репортер на Вашингтон пост на пат кон САД


„Се чувствувам добро“, им порача Џејсон Резаин на поддржувачите

Откако беше ослободен од Иран како замена за затвореници, група Американци се сретнаа со семејството и поддржувачите кои со месеци го следеа неговиот случај и за залагаа за неговото ослободување од иранските власти.

Репортерот на Вашингтон пост Џејсон Резаин се сретна со главни уредници од Вашингтон пост во воена болница во армиската база во Германија додека се опоравува, пред да биде испратен дома во САД. Тој мина 18 месеци во затвор, вклучувајќи и 49 дена во самица. Резаин беше обвинет за шпионажа, Вашингтон пост и американската влада таквите обвинувања од иранските власти ги нарекоа – апсурдни.

Тој призна дека до последен момент , се` до самото заминување од Иран и предавањето на швајцарските власти, стравувал дека нешто може да излезе во последен момент и целата постапка да биде спречена.

XS
SM
MD
LG