Сондата на НАСА, Џуно доцна синоќа забави доволно за да може да биде привлечена од гравитацијата на Јупитер.
Контролорите на мисијата на НАСА во Калифорнија со овации го пречекаа сигналот кој индицираше дека успешно завршил 35 минутниот маневар.
Џуно ќе ги помине следните 20 месеци на студирање на гасниот гигант - петта по ред планета и најголемата во нашиот планетарен систем - за да им помогне на научниците да ги одредат основите на нашиот соларен систем, и да бараат знаци на солидна површина под атмосферата покриена со облаци.
Џуно е второ летало кое стасало до Јупитер. Сондата Галилео на НАСА кружеше околу планетата од 1995 до 2003-та. Мисијата на Џуно ќе заврши во 2018-та, кога намерно ќе биде спуштен во атмосферата на Јупитер, и ќе се распадне.