Светот низ фотографии
27 јуни, 2024 година

1
Ученици од основното училиште Гангсол се разладуваат во јавна фонтана во Сеул, Јужна Кореја.

2
Палестинските деца чекаат ред за да добијат храна зготвена од добротворна кујна, во услови на недостиг на храна, додека продолжува конфликтот Израел-Хамас, во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

3
Навивачите на Украина истакнаа транспарент на кој пишува „Мирот има цена“ и портрет на Назариј Хринцевич, паднат војник и фудбалски навивач, за време на натпреварот од групата Е меѓу Украина и Белгија на фудбалскиот турнир Евро 2024 во Штутгарт, Германија.

4
Фудбалскиот натпревар од групата Е на УЕФА Евро 2024 меѓу Словачка и Романија во Франкфурт Арената во Франкфурт, Германија.