Линкови за пристапност

Џеј-Пи Морган ќе плати рекордна казна од 13 милијарди долари


Најголемата банка во САД продавала лоши кредити за домување, што придонесе за финансиската криза.

Џеј-Пи Морган Чејс, најголемата банка во САД, се согласи да плати рекордна казна од 13 милијарди долари за да ги подмири жалбите дека продавала лоши кредити за домување, што придонеле за големата финансиска криза во која западна земјата во 2008-ма година.

Спогодбата беше постигната по неколкумесечни напнати преговори меѓу банката, Одделот за правда и други владини агенции. Со неа се подмирени бројни жалби на ниво на сојузни држави и на федерално ниво, но се` уште е отворена можноста за кривичен прогон поради измама во случајот.

Како и многу други банки, Џеј-Пи Морган врзувал стотици кредити за домување во обврзници и ги рекалмирал како обврзници што може да се продаваат како акции. Кога голем број на сопственици на домови започнаа да заостануваат во исплатата на кредитите, вредноста на обврзниците драстично опадна, што донесе големи загуби за инвеститорите.

Одделот за правда наведува дека вработените во банката создале сериозна погрешна претстава кај инвеститорите за ризикот што го носеле обврзниците.

Дел од парите од казната ќе се одвои за помош на погодените сопственици на домови.
XS
SM
MD
LG