Линкови за пристапност

Сакам да станам рекордер во сите спринтерски дисциплини, вели атлетичарот Јован Стојоски


Како атлетичарот Јован Стојоски се подготвува за Олимпијадата во Токио?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Јован живее во Белград, но, поради неговото македонско потекло одлучил да настапува за атлетскиот клуб Охрид

Наместо во Токио на Летната олимпијада, која поради пандемијата на ковид-19 е одложена за наредната година, еден од најдобрите македонски атлетичари Јован Стојоски, и потенцијален учесник на Игрите, сега се подготвува во Охрид.

Вели дека тешко го доживеал моментот на одложување на најголемиот спортски настан во светот, за кој се подготвувал подолго време.

„Тешко е. Формата беше темпирана за оваа сезона. Но, добро е што има уште една година за да се подготвувам уште подобро.Тоа е како некој сон, иако имам повеќе сонови. Но, Олимпијдата е секако врв на една кариера. Адреналин, Токио, полн стадион и Јапонците како добри организатори“, вели Јован.

Негова цел во Токио е поставување на нов личен рекорд. Беше шести на последното европско првенство за млади сениори, а настапуваше и на светското атлетско првенство минатата година во Доха.

Тој е и македонски рекордер на 200 метри на отворено и во сала, и на 400 метри во сала.

„Плановите ми се да станам рекордер во сите спринтерски дисциплини. Треба уште на 100 метри да го срушам рекордот, и мислам дека ќе бидам единствен во светот, што во некоја држава има некој и на 100, на 200 и на 400 метри државен рекродер. Тоа ми е како круна. Но, и Олимпијадата и некоја медала од европско првенство“, вели тој.

Јован живее во Белград. Но поради неговото македонско потекло одлучил да настапува за атлетскиот клуб Охрид, како и за македонската атлетска репрезентација, иако до 2016 година ги бранел боите на Србија.

„Овде се чувствувам подобро. Добив подобри услови. И тоа е главна причина. Ова е индивудуален спорт и многу е важно да имаш поддршка. Јас ја имам. Од репрезентација, од федерација, од Агенција за млади и спорт, од Општина Охрид“, додава Јован.

Претседателот на атлетскиот клуб Охрид Пецо Неданов, вели дека со Јован македонската атлетика има перспектива.

„ И тие што беа во остатокот од клубот, а кои се сениори, не беа многу мотивирани. Речиси и да се откажат од атлетиката. Со доаѓањето на Јован, се обнови клубот, живна интересот и се направија навистина добри резултати“, вели Неданов.

И Јован директно го погодила пандемијата. Останал без натпревари, но, се снаоѓал некако за да ја одржува формата.

„И кога беше полициски час ќе најдев начин да можам да тренирам, каде нема полиција. На тренинзи работев околу 70 до 80 проценти од предвиденото“, открива Јован.

Ако дозолат условите, Јован го очекува Балканијада во Романија, како и европското и светско првенство во сала. Пред да се занимава со атлетика, играл фудбал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG