Линкови за пристапност

Платете ги новинарите и заштитете ги од напади, порача професорката Кокран од Вашингтон


Срамота е да нема млади луѓе што сакаат да студираат новинарство, вели професорката Кокран
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Срамота е само 12 студенти да сакаат да студираат новинарство во Северна Македонија, изјави таа во интервју за Гласот на Америка

Срамота е да нема млади луѓе што сакаат да студираат новинарство во Северна Македонија, вели професорката Барбара Кокран од Школата за новинасртво во Мисури, коментирајќи го фактот дека само 12 студенти биле заинтересирани да се запишат на овие студии во 2018 година.

„Новинарството е основен столб на демократијата. Ако нема новинарство граѓаните ќе немаат начин како да добијат независно проверени информации, кои ќе ги искористат за да направат одлуки за нивната демократија“, вели Кокран во интервју за Гласот на Америка.

Според неа, сопствениците на медиумите мора да размислат како да го направат новинарството кариера во која ќе може да се остане цел живот.

„Платете ги доволно, обезбедите им услови за работа на начин на кој ќе им дозволите да одморат кога ќе работат напорно. Заштитете ги од напади и притисоци. Платете ги новинарите колку што заслужуваат“, вели таа.

Кокран смета дека Фејсбук и другите социјални медиуми играат проблематична улога, бидејќи ги намалуваат професионалните стандарди во новинарство.

„Многу е важно да се има слобода на говор, но, сепак треба да има стандарди и вреднување на вистината“, рече таа.

И Тара Пења од организацијата „ИРЕКС“ во Вашингтон, вели дека неточните вести на Твитер се шират шестпати побрзо од точните, што е една од причните за губење интерес кај младите луѓе да студираат новинарство.

„Ако политичарите ги зголемуваат вербалните напади врз новинарите и ако има физички напади, сето тоа е причина за намалување на интересот за новинарство“, смета таа, нагласувајќи дека тоа сериозно ќе влијае врз демократијата на државата.

„Ви требаат новинари да ја повикуваат владата на одговорност, да осигураат дека нема корупција, да информираат ако е таму, да известуваат за тоа дали владата бележи напредок или не“, вели Пења.

Еден начин, како да се врати интересот кај младите е медиумите да бидат во тек со технолошките промени.

„Новинарството не треба да се изгуби на социјалните медиуми, но мора да бидете и внимателни и иновативни да го користите вистинскиот јазик, за да допрете до младите“, рече таа.

Потребно е, заклучија тие, традиционалните медиуми да ги прифатат дигиталните иновации, но, сепак да се осигура дека онлајн медиумите се базирани на новинарски стандарди и квалитет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG