Американскиот претседател Барак Обама го фалеше јорданскиот Крал Абдула за заземање став спрема сирискиот претседател Башар ал-Асад, велејќи дека Вашингтон ќе даде дополнителни 200 милиони долари на Јордан да го олесни товарот за бегалците кои ја напуштаат таа земја.
Зборувајќи на заедничка прес-конференција во Аман во петок по разговорите со Кралот Абдула, Обама му оддаде почит на јорданскиот монарх што бил „првиот арапски лидер кој повикал Асад да се симне од власт“.
Кралот Абдула, кој забележа дека 460 илјади сириски бегалци се во Јордан , кажа дека неговата земја нема да ја затвори границата за бегалци. Тој нагласи дека има потреба од меѓународната заедница да помогне да се реши, како што рече „човечката катастрофа“.
Како дополнение на билатерални и стратегиски прашања, двајцата лидери велат дека рзговарале за израелско-палестинското прашање за време на сесијата зад затворени врати.