Линкови за пристапност

Обама: Џоплин е национална трагедија


Обама: Џоплин е национална трагедија
Обама: Џоплин е национална трагедија

Обама кажа дека жителите на Џоплин покажале дека и покрај трагедијата никој не се држи на страна.

„Главна работа што сакам да ја пренесам до луѓето во Џоплин е дека ова не е само ваша трагедија, ова е национална трагедија, а тоа значи дека ќе има и национален одговор на таа трагедија“, рече американскиот претседател.

Тој забележа дека некои доброволци дошле од Таскалуса, во Алабама, дошле да помогнат во спасување и расчистување иако и нивниот град страда да се опорави од серијата смртоносни торнада пред еден месец.

Обама исто така им вети на жителите на Џоплин дека владата ќе ги поддржи напорите за обнова – на секој чекор од тој пат:

„Ова може да се случи секому. Разликата да се биде на патот на ова торнадо или да биде добро, на само неколку улици подалеку, е мала. Затоа сите треба да помогнеме“.

Во меѓувреме, стотици жители на Џоплин се собраа во градскиот парк за минута молчење во 5:41 попладнето, моментот кога торнадото го погоди градот пред една недела.

Еден од насобраните вака опиша зошто дошол на собирот:

„Ова е наш дом, ова се наши пријатели, оваа заедница е нашето семејство, таа не` прифати. Сакаме само да бидеме тука да ја поддржиме оваа заедница заради оние кои загубија се`, а ние минавме практично негибнати. Затоа сме тука, да ги поддржиме луѓето што ги сакаме“.

Официјални претставници на Мисури во неделата кажаа дека имало 142 потврдени загинати, а 44 лица се` уште се водат за исчезнати.

XS
SM
MD
LG