Линкови за пристапност

Компанијата „Џонсон енд Џонсон“ треба да плати 572 милиони долари отштета за зголемување на кризата со опијати


Компанијата најави оти ќе ја обжали одлуката

Судија во сојузната држава Оклахома нареди фармацевтската компанија „Џонсон енд Џонсон“ да плати 572 милиони долари отштета за нејзината улога во зголемување на кризата со опијати.

„Кризата со опијати е закана за граѓаните на Оклахома. Мојата одлука е базирана на открија дека маркетингот и промоцијата на `Џонсон енд Џонсон` ги доведуваат во прашање безбедноста и здравјето на илјадници граѓани“, изјави судијата Тед Балкмен.

Оваа компанија е прва што ќе биде ставена на судење за, како што вели сојузната држава, цинична и лажна мултимилијардерска кампања.

Сојузната држава Оклахома, исто така, нагласи дека „Џонсон енд Џонсон“ ги рекламирала опијатите пред докторите и здравствените работници како „магичен лек“.

Податоците покажуваат дека повеќе од 10.000 жители на Оклахома починале од 2000 година до денес, како резултат на зависност и предозирање со синтетички лекови за болка.

„Нема сомнеж дека овие компании знаеле што се случува на повисоко ниво. Затоа се одговорни“, рече главниот правобранител на Охлахома Мајк Хантер.

Оклахома бараше 17 милијарди долари отштета од „Џонсон енд Џонсон“, додека компанијата најави оти ќе ја обжали одлуката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG