Линкови за пристапност

Главниот советник за безбедност на САД даде оставка


Главниот советник за безбедност на САД даде оставка
Главниот советник за безбедност на САД даде оставка

Том Донилон, ќе го наследи Џејмс Џонс на, како што рече претседателот, едно од најтешките места во американската влада

Во петокот во Белата куќа Барак Обама му се заблагодари на Џејмс Џонс за придонесот, нарекувајќи го „сигурен глас“ на средбите на администрацијата и во процесот на донесување одлуки.

Претседателот соопшти дека заменик националниот советник за безбедност, Том Донилон, ќе го наследи Џонс на, како што рече претседателот, едно од најтешките места во американската влада.

Обама кажа дека Џонс се согласил да служи како национален советник за безбедноста две години кога ја прифатил позицијата на почетокот на 2009.

Пред работата во Белата куќа на Обама, Џејмс минал речиси 40 години во американската армија.

Соопштението дојде по оставките последните месеци на неколкумина други високи претставници на администрацијата на Обама. Минатата недела шефот на кабинет на претседателот Рем Емануел ја напушти функцијата за да се кандидира за градоначалник на Чикаго

XS
SM
MD
LG