Британскиот премиер Борис Џонсон продолжува да врши притисок за предвремени општи избори, и покрај тоа што претрпе неколку порази во парламентот, како и покрај ненадејната оставка на неговиот брат од функцијата заменик министер.
За време на говорот во Јоркшир, Џонсон рече дека мора да се одржат предвремени избори за да можат гласачите да одлучат дали Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври со или без договор.
На прашањето дали ќе побара од ЕУ продолжување на крајниот рок за Брегзит, Џонсон рече: „Претпочитам да бидам во ендек“, додавајќи дека со одложувањето „не се постигнува апсолутно ништо“.
Премиерот ги обвини своите политички противници за поддршка на законодавство што ќе ја „намали нашата преговарачка моќ“ и ќе ги предаде „овластувањата на британскиот народ“ на ЕУ.
Борис Џонсон доживеа уште еден неуспех во средата, кога Долниот дом на парламентот гласаше за мерка принудувајќи ја владата да побара од ЕУ да го одложи Брегзит уште три месеци ако нема договор за излез до крајниот рок на 31 октомври.
Facebook Forum