Линкови за пристапност

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон поднесе оставка


Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, денеска поднесе оставка поради несогласување во кабинетот околу излезот на земјата од Европската унија, соопшти канцеларијата на премиерката Тереза Меј. Оттаму додадоа дека неговата замена ќе биде објавена наскоро.

Оставката на Џонсон доаѓа еден ден откако британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис се повлече од функцијата.

Пристапот на Меј кон излезот на земјата од ЕУ, Дејвис го нарече „опасна стратегија“.

Дејвис и други членови на владата, се залагаа за таканаречено „чисто отцепување од ЕУ“, додека други поддржуваат таканаречен „мек Брегзит“, којшто би ги одржал економските врски со блокот преку својата царинска унија и нејзиниот единствен пазар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG