Линкови за пристапност

Кери на Филипините, вети нова хуманитарна помош


25 милиони долари за отстранување на последиците од тајфунот Хајен.

Американскиот државен секретар вети 25 милиони долари хуманитарна помош за време на посетата на местото Таклобан во централниот дел на Филипините, што беше тешко погодено од тајфунот Хајен минатиот месец.

Џон Кери кажа дека е шокиран од уништувачкот ефект на невремето што однесе преку 6.000 човечки животи

„Во мислите и молитвите ни се речиси 1.800 лица кои се` уште се водат како исчезнати. САД се решени да сторат се` што можат во помошта за обнова на Филипините“, рече американскиот државен секретар.

Со новата помош, САД досега одвоија преку 86 милиони долари за отстранување на последиците од тајфунот.

Претседателот Бенињо Акино денес го објави владиниот план од 8,1 милијарди долари за обнова на погодените подрачја. Тој исто така упати нов апел за меѓународна помош.

Ова е втор ден од посетата на Кери на Филипините. Вчера, на средбата со Акино, најави 40 милиони долари помош за јакнење на морнаричкиот одбранбен капацитет на земјата и за поддршка на контратерористичките операции против муслиманските бунтовници на југот.
XS
SM
MD
LG