Американскиот државен секретар Џон Кери ја почна турнејата по три држави која вклучува втора рунда разговори за политичката иднина на Сирија и борбата против милитантите од Исламската држава.
Средбата во Австрија доаѓа по првите разговори на крајот од октомври за политичката криза во Сирија. Сирискиот заменик-министер за надворешни работи рече дека разговорите во Австрија треба да имаат конкретни цели:
„Оние кои сакаат мирољубиво решение, треба да запрат со поддршката на вооружените групи. Најпрво треба да се борат против тероризмот, Второ, треба да им дозволат на Сиријците сами да ги решат своите проблеми“ рече Фејсал Мекдад.
Но, САД и неколку држави вклучувајќи ја и Турција, рекоа дека сирискиот претседател Башар Ал-Асад не може да остане на власт, додека Русија се против на било која смена на лидерството во Сирија.
Пред да пристигне во Австрија, државниот секретар Кери ќе престојува во Тнис, каде ќе се сретне со официјални лица на вториот Стратешки дијалог меѓу Тунис и САД.
Трета станица на Кери на турнејата е Анталија, Турција, каде ќе му се приклучи на претседателот Обама на Самитот на Г-20.