Линкови за пристапност

Џон Кери: Нема „фундаментално одлагање“ на разговорите за Сирија


Американскиот државен секретар во нова дипломатска мисија

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека нема да има „фундаментално одлагање“ во меѓународните преговори за политичката иднина на Сирија кои почнуваат следната недела.

Кери говореше на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, после средбата со претставникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.

Обединетите Нации го одредија 25 јануари како датум за почеток на разговорите за политичка транзиција меѓу сириската влада и опозицијата. Сепак, тековните несогласувања околу тоа кои опозициски групи ќе бидат вклучени во разговорите, го става под прашање закажаниот датум.

Кери исто така коментираше околу реакцијата на Иран за новите санкции што САД ги воведоа поради тестирање на балистички проектили од страна на Техеран.

Бидејќи САД неколку дена претходно укинаа поекстензивни финансиски и трговски санкции спрема Иран, министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф сугерираше дека најновиот развој покажува оти САД се „зависни“ од користење санкции како средство за дипломатија.

„Ние бевме многу јасни дека ќе воведеме нови санкции кога ќе сметаме дека тоа е соодветно“.

Американските санкции беа поставени „правно и ефективно“ и САД сега бараат начин да „ја тестираат“ подготвеноста на Иран за намалување на тензиите во регионот, кажа Кери за новинарите во Давос.

XS
SM
MD
LG