Линкови за пристапност

Болтон: „Ќе биде грешка ако за Хонг Конг се создаде сеќавање како за настаните од Тјананмен во 1989-та


„Преодната влада на Венецуела предводена од Хуан Гуаидо ја признаа 56 држави кои што го отфрлија режимот на Николас Мадуро. Венецуела се наоѓа во тешка ситуација сега, поради 20 годишно економско лошо менаџирање. Нашата желба е да видиме мирољубив трансфер на власта и вистински слободни избори, вели советникот за национална безбедност Џон Болтон. Во ексклузивно интервју за Грета ван Сустерн во Гласот на Америка, тој говори за санкциите врз Венецуела, но и протестите во Хонг Конг, Северна Кореја и пролиферацијата на нуклеарно оружје.

Тој не се согласува дека Мадуро не е во неволја:

„Тој е исплашен да се шета по улиците на Каракас, каде може да ја видите само опозицијата и Хуан Гуаидо, и покрај заканите за апсења и тортура. Жителите на Венецуела знаат дека режимот на Марудо не може да преживее“, вели Бостон.

Запрашан за можна армиска инволвираност, тој рече дека сите опции се на маса. Во моментов има околу 5 милиони бегалци од Венецуела и во други држави, Колумбија, Перу, Бразил. Се работи за најголема хуманитарна криза во историјата на оваа хемисфера“, вели Болтон.

Запрашан за актуелните протести во Хонг Конг, и која е позицијата на актуелната администрација, Болтон истакна дека Кина ги обвинува САД дека стојат зад демонстрациите и смета дека треба да се стави крај на таквите наводи. Како што рече, САД одблизу го следат развојот на настаните, но потенцираше дека „Америка: памети – случувањата околу Плоштадот Тјананмен, фотографијата со човекот кој стои исправен пред тенковите на плоштадот, репресијата од кинеската влада во 1989-та. Ќе биде грешка, ако се креира ново лошо сеќавање за денешните настани во Хонг Конг, рече Болтон.

Осврнувајќи се на Северна Кореја, Болтон рече дека засега нема содржајни преговори по последната работна средба на претседателот Трамп со севернокорејскиот Ким Јонг Ун во демилитаризирана зона меѓу Северна и Јужна Кореја. „Се надевам дека преговорите ќе продолжат наскоро“, рече Болтон. Претседателот Трамп за време на Самитот во Сингапур му го покажа видеото за иднината на Северна Кореја, ако се откаже од нуклеарното оружје. Вратата за нив е отворена, но мора сами да ја минат, а тоа тие не го сториле“.

Болтон во интервјуто за Гласот на Америка истакна дека Кина повторува со години дека не сака Северна Кореја да поседува нуклеарно оружје, зашто, верува дека тоа придонесува за „нестабилност во Североисточна Азија“.

За односите меѓу претседателот Трамп и рускиотпретседател Путин, Болтон окарактеризира дека двајцата имаат „добри лични врски“. Иако имаме теми со кои имаме несогласување, но односите се добри, рече Болтон во интервју за Грета ван Сустерн за емисијата „Plugged In“ на Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG