Линкови за пристапност

Хан: Македонија се врати на европскиот пат


Хан: Македонија се врати на европскиот пат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Јоханес Хан, по подолг период повторно е во Македонија, но не да решава политички проблеми, туку за да донесе добра вест

Еврокомесарот за проширување го повтори наведеното во извештајот дека и покрај тешките предизвици, Македонија успеала да излезе од длабоката политичка криза и да испорача во делот на реформите. Според Хан, земјата е назад на европскиот пат и се чувствува поинаква атмосфера - како што ги нарече „добри вибрации“. Македонија ја наведе како пример во регионот за демократска промена. Сепак, Хан, порача дека моментот мора да се задржи и напорите да се фокусираат на имплементација на реформите.

„Реформите се спроведуваат на отворен, транспарентен и инклузивен начин, но за да се задржи и засили овој позитивен правец, нема простор за попуштање. Моментот на реформи мора да продолжи, особено во важните области, како што е подобрување на независноста на судството. Промените не се само за подобрување на легислативата, туку и за нивна имплементација и конкретна корист за граѓаните“, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

За напредокот им честита на сите чинители, вклучувајќи ја и опозицијата од која побара конструктивност.

Премиерот Заев, пак, посочи која е новата цел во наредните месеци:

„Одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Самитот во јуни е нашата следна цел. Владата уште поенергично ќе ги води реформите и политичките процеси во следните два месеца, со цел во јуни земјата да добие датум за почеток на преговорите“, рече премиерот на Македонија Зоран Заев.

Во однос на спорот со Грција, што сега е главниот проблем за старт на преговори, Хан е оптимист дека решение е можно.

„Прашањето за името е важно, не би рекол дека е предуслов, но видовте дека беше пречка во минатото и уверен сум дека решение е можно - не само поради старт на преговори, туку и поради самите добрососедски односи. Моја сугестија е да се искористи оваа прилика и момент за што е можно побрзо да се постигне компромисно и фер решение за двете страни“, изјави Хан.

Хан, не е единствениот врвен европски дипломат што дојде во Скопје непосредно по објавувањето на извештајот за напредокот на земјава. Високата претставничка за навдорешна и безбедносна политика на Унијата Федерика Могерини од денеска е во посета на Македонија. Освен средби со државниот врв, предвидено е таа утре да се обрати и пред праетниците во Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG