Линкови за пристапност

Хајндл пак се среќава со партиите


Специјалниот пратеник ќе остане во Македонија два дена, најави Германската амбасада

Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл утре повторно доаѓа во Скопје. Според соопштението од Германската амбасада во Македонија, Хајндл ќе остане до четврток.

„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите, потписнички на договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница“, соопшти Амбасадата.

Не е јасно што ќе биде фокус на неговите разговори со лидерите на партиите.

При последната посета на Скопје, Хајндл порача дека времето истекува.

„Добра вест е дека има излез од оваа криза, а тоа е договорот од Пржино и правилата и принципите наведени во него го покажуваат патот на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес беше закочен, кризата продолжува да и наштетува на земјата и искрено кажано, времето истекува“, изјави Хајндл, по средбите во Скопје.

Тој тогаш изнесе три барања до партиите - да се усогласи датумот за избори, овозможување услови за фер изборен процес, Специјалното јавно обвинителство непречено да работи, како и ставање на земјата на прво место.

XS
SM
MD
LG