Линкови за пристапност

Зголемување на вработувањата во САД


Нов извештај за октомври покажа неочекуван пораст на работни места во американската економија

Американскиот пазар на труд неочекувано додал 204.000 работни места во октомври, побивајќи ги предвидувањата на економистите дека минатомесечното затварање на владата минатиот месец може да го забави вработувањето.

Сепак, владата исто така во петок извести дека националната стапка на невработеност пораснала минатиот месец од 7,2 проценти на 7,3 проценти – што е прв пораст од мај наваму. Но Бирото за трудова статистика вели дека порастот, барем делумно, се должи на политичкото несогласување што затвори многу владини канцеларии во првата половина, кога 800.000 федерални работници беа привремено отпуштени.

Многу американски економисти предвидуваа помало вработување минатиот месец. Но владиниот извештај вели дека работни места се додадени во неколку сектори на економијата, вклучувајќи ги услужните дејности, малопродажбата и производството.

Владата исто така ги ревидира цифрите на растеж од август и септември, велејќи дека дополнителни 60.000 луѓе биле додадени на платните списоци во тие месеци.
XS
SM
MD
LG