Линкови за пристапност

Уште 3,2 милиони работници во САД побарале паричен надомест поради невработеност


Владата утре ќе ја објави стапката на невработеност за месец април, а Белата куќа предвидува дека би можела да достигне 20 проценти, нешто што не е видено во изминативе 72 години

Бројот на барања за невработеност во САД се намалил незначително минатата недела, но, сепак уште 3,2 милиони лица побарале бенефиции, како резултат на последиците од пандемијата.

Одделот за труд објави дека вкупно 33,5 милиони американски работници се пријавиле за надомест, откако пандемијата затвори огромен број бизниси, меѓу кои фабрики, продавници, ресторани и спортски клубови.

Проценките се дека еден на секои пет работници се пријавил за помош.

Работниците кои поднесуваат барања за надомест обично се платени нешто помалку од половина од нивната нормална плата.

Бројот на барањата го надмина оној за време на рецесијата во 2008 година.

Владата утре ќе ја објави стапката на невработеност за месец април, а Белата куќа предвидува дека би можела да достигне 20 проценти, нешто што не е видено во изминативе 72 години.

Сепак, трговијата полека се враќа во живот, и покрај бројот на смртни случаи во САД, кој досега надмина 73.000 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG