Владата во четврток извести дека 348.000 работници за прв пат минатата недела се пријавиле за помош, што е помалку за 5.000 од претходната недела. Ова е најниска цифра од февруари 2008.
Американските компании отпуштаат помалку работници последните месеци. Во исто време, од декември до февруари, во просек се додадени секој месец по четвртина милион работни места на платните списоци.
Иако овие цифри се подобрени, долгорочната невработеност останува проблем во САД. Речиси 13 милиони работници се` уште се навработени, со повеќе од 40 проценти од нив се без работа шест месеци или подолго.
Стапката на невработеност во САД останува 8,3 проценти.