Линкови за пристапност

Стапката на невработеност во САД повторно во пораст


Извештајот на Одделот за труд покажа пад на привремените работни места, како и намалување на производството и малопродажбата

Извештајот за вработување на Одделот за труд во САД во петокот покажа дека растот на работните места неочекувано забави во април, иако се намалија барањата за невработеност минатата недела на 498 илјади, најниската точка од почетокот на пандемијата.

Извештајот на Одделот за труд покажа пад на привремените работни места, како и намалување на производството и малопродажбата.

Стапката на невработеност се искачи на 6,1 процент од 6 проценти во март.

Аналитичарите велат дека бавниот раст на работните места веројатно може да се припише на недостиг на работници бидејќи економијата повторно се отвора во услови на подобрување на јавното здравство и финансиска помош од владата што ги зголеми потрошувачките трошоци, но може да го ограничи поттикот што работниците го чувствуваат за да влезат на пазарот на трудот и да ги пополнат празните места.

Економијата порасна во последниот квартал со силна годишна стапка од 6,4 проценти, со очекување дека тековниот квартал ќе биде уште подобар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG