Линкови за пристапност

Американските компании минатиот месец отвориле 196 илјади работни места


Невработеноста останува на 3.8 проценти

Работодавците во САД минатиот месец додале солидни 196 илјади работни места, голем скок во споредба со февруари и доказ дека многу бизниси бараат работници и покрај знаците дека економијата забавува.

Од Одделот за труд објавија дека стапката на невработеност останува на 3.8 проценти, речиси на најниско ниво во последниве 50 години.

Растот на платите во март забавил, при што просечната заработувачка на час се зголемила за 3.2 проценти. Во февруари минатата година растот беше од 3.4 проценти , најголем во период од една деценија.

Денешните податоци укажуваат на тоа дека слабиот раст на бројот на работни места во февруари било привремено и дека бизнисите се уверени дека економијата останува на здрава основа.

Во исто време, економијата се соочува со неколку предизвици, претпазливи потрошувачите, забавени бизнис инвестиции и трговската војна на САД и Кина.

По денешната вест беше забележан раст на берзите, а пораснаа и цените на обврзниците.

Годинава американските компании додаваа во просек по 180 илјади работни места месечно, доволно за намалување на стапката на невработеност.

Минатиот месец растот на работни места бил најсилен во услужниот сектор. Само во секторот на здравствената заштита биле создадени 47.000 работни места.

Во производството бројот на работни места бил намален за 6 илјади, што е прв пад за година и половина. Падот се должи заради отпуштањата кај производителите на автомобили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG