Линкови за пристапност

Џон Кери неделава на разговори во Париз и Москва


Борбата против ИД и политичкиот договор во Сирија, тема на која ќе се дискутира на состаноците

Американскиот државен секретар Џон Кери им се придружи на Министрите за надворешни работи од европските и арапските земји кои во Париз разговорат за борбата против Исламската држава и напорите за постигнување политички договор за ситуацијата во Сирија.

Дипломатите се обидуваат да создадат подобра прилика пред петочната средба закажана во Њујорк, на која ќе бидат вклучени Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и неговиот дипломатски претставник за Сирија, Стафан де Мистура. Тие бараат основа за прекин на огнот и за политички процес базиран на меѓународниот договор од минатиот месец постигнат во Виена за почеток на преговорите за мир до 1-ви јануари.

Овој напредок во преговорите е најсериозен во последните две години, откако двете рунди преговори на ОН на почетокот на 2014-та година завршија со мал успех.

Кери во вторник ќе патува во Русија каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со Сергеј Лавров за продолжување на разговорите околу напредок во политиката за Сирија како и борба против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG