Линкови за пристапност

Половина век од атентатот врз Кенеди

Претседателот Кенеди и сопругата Џеки за време на посетата на Далас, снимени на само неколку секунди пред атентатот на 22-ри ноември 1963-та
Претседателот Кенеди и сопругата Џеки за време на посетата на Далас, снимени на само неколку секунди пред атентатот на 22-ри ноември 1963-та

Претседателот Барак Обама кажа дека неговиот славен претходник ќе остане во сеќавањето како несекојдневен јавен работник со широка визија и трезвен идеализам.

САД со комеморации и минута молчење ја одбележуваат 50-тата годишнина од атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Претседателот Кенеди и сопругата Џеки по пристигањето во Далас, неполн час пред атентатот
Претседателот Кенеди и сопругата Џеки по пристигањето во Далас, неполн час пред атентатот
Претседателот Барак Обама нареди денес знамињата низ целата земја да бидат на половина копје во знак на почит кон претседателот кој беше убиен кон крајот на третата година на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Со биење на камбаните во Далас, сојузната држава Тексас, каде се случи атентатот, и со минута молчење на други места
Средба со доброволци на Мировниот корпус во 1961-ва, организација што тој ја замисли и основа
Средба со доброволци на Мировниот корпус во 1961-ва, организација што тој ја замисли и основа
симболични за животот и постигнувањата на Кенеди, Американците ќе оддадат почит на еден од најпопуларните американски претседатели. Историчарот и добитник на Пулицеровата награда Дејвид Мекала на главната комеморација ќе прочита делови од најпознатите говори на Кенеди, а ТВ-мрежата Ен-Би-Си ќе емитува дел од своите првични извештаи по атентатот.

Обама, кој средата положи венец
Еден од најсаканите американски претседатели: Кенеди со ќерката Каролин и синот Џон во Белата куќа, во октомври 1962-ра година
Еден од најсаканите американски претседатели: Кенеди со ќерката Каролин и синот Џон во Белата куќа, во октомври 1962-ра година
на гробот на Кенеди на Националните гробишта Арлингтон, кажа дека неговиот славен претходник ќе остане во сеќавањето како несекојдневен јавен работник со широка визија и трезвен идеализам.

Кенеди беше на 46-годишна возраст кога беше застрелан во отворена лимузина за време на посетата на Далас. Бруталноста на фаталниот истрел во мозокот ги шокираше сведоците и го разжалости целиот свет, па дури и
Претседателот Барак Обама, првата дама Мишел, поранешниот претседател Бил Клинтон и сопругата и поранешна државна секретарка Хилари средата го посетија гробот на Кенеди на Националните гробишта Арлингтон

тогашниот противник на Кенеди во Студената војна, советскиот водач Никита Хрушчов. Многумина Американци минаа насолзени недели со ТВ-снимките на вдовицата Џеки и двете деца на погребот.

Атентаторот Ли Харви Освалд беше убиен два дена по атентатот, додека властите го префрлаа од полициска станица во притвор, инцидент што исто како и атентатот на Кенеди, беше фатен на снимките на фотографските и ТВ-камери. Убиецот на Освалд, Џек Руби, сопственик на ноќен ресторан во Далас кој наводно бил гневен поради атентатот, беше осуден на смртна казна, но почина во затвор додека се жалеше на пресудата и бараше ново судење. Мотивот на Освалд да изврши атентат врз Кенеди најверојатно никогаш нема да се дознае. Освалд бил маринец кој пребегал во Советскиот Сојуз во 1959-та, но потоа се вратил во САД во 1969-та.
XS
SM
MD
LG