Линкови за пристапност

Напредок или „ладен туш“ на утрешната средба Заев-Ципрас?


Поддршка за името од американскиот амбасадор Џес Бејли
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

25 години ги поддржуваме македонските аспирации за приклучување во НАТО, и сакаме да напредувате, рече амбасадорот на САД Џес Бејли

Очекувањата се големи дека утрешната премиерска средба ќе го донесе пробивот во деценискиот спор за прашањето за името.

Засега, никој со сигурност не може да прогнозира, ќе успеат ли Зоран Заев и Алескис Ципрас во она што не им успеа на бројни шефови на влади во Македонија и во Грција, или ќе следи нов „ладен туш“ сличен на оној во Букурешт пред 10 години.

Додека се бројат часовите до клучниот состанок закажан за утре изутрина во Софија каде се одржува Самитот ЕУ - Западен Балкан, изјави на поддршка на процесот стигнуваат од влијателни дипломати, американскиот амбасадор во земјава се надева на напредок.

„Веќе 25 години ги поддржуваме македонските аспирации за приклучување во НАТО, секако дека ова е прашање за кое очекуваме и сакаме да напредувате“, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Кое ќе биде евентуалното име, колкав ќе биде опсегот, за целосна надворешна или внатрешна употреба, именувањето на јазикот, како клучен елемент на т.н. идендитетски дел од пакет-решението, се прашањата кои се на преговарачка маса.

Во отсуство на официјална потврда на информациите дека именувањето на јазикот е договорено на начин што ги задоволува македонските позиции, дел од научната јавност апелира на исклучителна внимателност при разговорите за овој чувствителен сегмент од проблемот.

„Македонскиот јазик e одамна кодифициран, постои, тој не може да исчезне, тоа е вековна традиција. Во тој контекст посебно битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет особено ова што го зборуваме ние, научна обработка и разработка и негово проучување, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници“, изјави претседателот на Македонската акдаемија на науките и уметностите, Таки Фити.

На утрешната средба Заев-Ципрас, втора во изминатите четири месеци, претходеа низа преговарачки рунди меѓу двајцата министри за надворешни работи и заеднички состаноци со медијаторот Нимиц, од кои едната во Виена, во Охрид и во Сунио, близу Атина. Самиот Заев во неколку наврати во изминатиот период изјави дека ако се сретне со Ципрас, тоа веројатно тоа ќе значи дека е можно да се постигне компромисно решение прифатливо за двете страни. Ситуацијата ќе биде појасна по утрешниот состанок во Софија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG