Линкови за пристапност

Најмалку 45 мртви во напад во Јемен


Надлежните органи додадоа дека напаѓачот го внел своето возило полно со експлозив во зграда којашто ја користеле провладини трупи

Властите соопштија дека во самоубиствениот напад во градот Аден во Јемен, загинаа најмалку 45 лица, а повредени се десетина други.

Надлежните органи додадоа дека напаѓачот го внел своето возило полно со експлозив во зграда којашто ја користеле провладини трупи.

Во внатрешниот конфликт во Јемен според ОН, животот го загубиле преку 6.500 лица, од кои најмалку половина се цивили.

Како дополнение, џихадисти на Ал Каида и Исламската држава изведуваат напади во јужните и југоисточните делови на земјата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за денешниот напад.

XS
SM
MD
LG