Линкови за пристапност

Русија да ја преиспита забраната за Јеховините сведоци


Новата судска одлука го продолжува трендот против религиите на малцинствата, смета Стејт департментот на САД

Стејт департментот ја повика Русија да ја преиспита новата одлука, со која се забранува делување на Јеховините сведоци.

Во понеделникот, Врховниот суд на Русија ја одби жалбата по претходната регулатива, со која оваа група се карактеризира како екстремистичка, која делува за растурање на Христијанството на руската територија.

Стејт департментот ја нарече судската одлука „најнова во трендот на гонење на религиите на малцинствата во Русија“.

„Малцинствата треба да можат да ги уживаат слободата на религија и на собир, без мешање, како што е гарантирано со Уставот на Руската федерација“, изјави Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG