Линкови за пристапност

Грејс Кели: го освои џез-светот на само 18 години


Грејс Кели: го освои џез-светот на само 18 години
Грејс Кели: го освои џез-светот на само 18 години

Има исто име како поранешната холивудска ѕвезда и принцеза од Монако, но е џез-саксофонистка со бројни награди, турнеји низ светот и настапи со џез-великани. Можеби најинтересниот податок за оваа Грејс Кели е што - има само 18 години

Музиката отсекогаш била дел од животот на ова чудо од дете од Масачусетс. Кариерата ја започнала учејќи класично пијано, но како што вели самата, наместо да вежба класични нумери, почнала да импровизира и создава свои песни. Резултатот - настапи во преполни џез-арени, рамо до рамо со своите музички херои.

И покрај жестока сатница – вежбање, снимање, турнеји, Грејс секогаш наоѓа време да биде она што и во основа е – тинејџерка.

„Одам на училиште и се дружам со врсниците. Во исто време, одам на турнеји. Среќна сум што имам можност да ги правам обете нешта“, вели Кели.

Саксофонистка, пејачка, композиторка, и аранжерка, Грејс во различни улоги досега има објавено пет албуми. Настапувала на разни сцени во светот, пред љубители на џезот, славни луѓе, политичари. Ако и има трема, вели дека исчезнува веднаш кога ќе излезе на сцената. А таму, и некои од великаните, како Фил Вудс 2006-тата, и симнуваат капа и ја крунисуваат за кралица на џезот, во годините што доаѓаат.

XS
SM
MD
LG