Линкови за пристапност

Јапонија одбележува 68 години од нуклеарната бомба врз Хирошима


Околу 140.000 беа убиени во деновите по 6-ти август 1945, кога САД ја бомбардираа Хирошима.

Со едноминутно молчење Јапонија ја одбележа 68-годишнината од нуклеарното бомбардирање во Хирошима.

Преживеани и роднини на жртвите беа меѓу 50.000 луѓе кои се собраа во Паркот на мирот во Хирошима за церемонијата.

Премиерот Шинзо Абе на насобраните им кажа дека Јапонија има уникатна одговорност да притиска за крај на нуклеарното оружје.

Градоначалникот на Хирошима Казуми Матсуи даде слично ветување, нарекувајќи ги нуклеарните бомби „најнехумано оружје и апсолутно зло“.

Околу 140.000 беа убиени во деновите по 6-ти август 1945, кога САД ја бомбардираа Хирошима. Три дена подоцна, американски авиони фрлија нуклеарна бомба на Нагасаки, убивајќи уште околу 70.000 луѓе.

САД и нивните сојузници тврдеа дека бомбите биле неопходни да се спасат животи со убедување на Јапонија да се предаде, донесувајќи побрз крај на Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG