Линкови за пристапност

Данфорд ги увери сојузниците дека алијансата е силна


Началникот на Американскиот здружен генералштаб Џозеф Данфорд, е во Јапонија каде го увери долгогодишниот сојузник дека нивната армиска алијанса е силна, додека регионот се соочува со растечка закана од Северна Кореја.

Данфорд ова го истакна за време на состанокот со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Абе одново изразил почитување за американскиот претседател Доналд Трамп што на маса ги ставил сите опции, со цел да се заштитат сојузниците на САД, среде непријателствата од Северна Кореја.

Јапонија е последната станица од турнејата на Данфорд низ Азија. Началникот на Здружениот генералштаб претходно ги посети Јужна Кореја и Кина, каде исто така во фокусот на разговорите беше севернокорејското прашање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG