Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска и утре е домаќин на јапонскиот премиер Шинзо Абе на неговиот имот во Флорида. Белата куќа соопшти дека се очекува разговорите да бидат „мошне позитивни“.
Според портпаролката Сара Хакаби Сандерс, во фокусот на средбите меѓу двајцата лидери се Северна Кореја и економијата.
За време на заедничката прес-конференција, претседателот на САД во однос на планираната средба со Ким Јонг Ун, кажа дека „некои работи можно е да не се одвиваат добро и средбата можно е да не се е случи, ќе видиме“.
Трамп и претходно се сретна со Абе и според официјални лица, е еден од странските лидери со кои многу често разговара.
И двајцата лидери се загрижени за Северна Кореја, која развива програми за балистички проектили и нуклеарно оружје, како одговор на меѓународните санкции.
Јапонскиот премиер пред да тргне за САД, изјави дека сака да се увери оти САД остануваат на ставот за вршење притисок врз Северна Кореја, со цел, целосно откажување од нуклеарните програми.
Според експертите, Абе се надева оти ќе го убеди Трамп, доколку се сретне со севернокорејскиот лидер, да не склучува договори кои ќе ја ослабат безбедноста на Јапонија, која е под американска нуклеарна заштита, а и домаќин на илјадници американски воени трупи.
„Мислам дека претседателот Трамп нема да ги игнорира безбедносните интереси на Јапонија“, изјави Памела Кенеди од Стимсон центарот во Источна Азија.
Сепак, ненадејната најава минатиот месец Трамп да се сретне со Ким Јонг Ун, беше изненадување за јапонскиот лидер.
Аналитичарите ја гледаат посетата како важна можност за јапонскиот лидер, директно да го информира Трамп за загриженоста и приоритетите на Јапонија, пред евентуално да се оствари средбата со севернокорејскиот лидер.
Facebook Forum