Линкови за пристапност

Пенс ја потврди солидарноста со Јапонија


Американскиот потпретседател при посетата на Азија ја промовира кампањата за „максимален притисок“ против Пјонгјанг

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, во Токио се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе за да ја потврди солидарноста на САД со својот долгогодишен сојузник.

Посетата доаѓа во време кога Америка ги зајакнува напорите за уверување на американските сојузници за растечката нуклеарна закана од Северна Кореја. Освен Јапонија, Пенс ќе ја посети и Јужна Кореја.

„САД се со вас во справувањето со предизвикот и ние ќе продолжиме да стоиме рамо до рамо со јапонскиот и јужнокорејскиот народ и нашите сојузници и партнери низ целиот регион, се` додека не ја постигнеме глобалната цел за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и не ги прекинеме провокациите и заканите што Северна Кореја ги претставува за регионот и светот.“ изјави потпретседателот Пенс.

Тој утре ќе отпатува во Јужна Кореја, промовирајќи ја кампањата на администрацијата за „максимален притисок“ против Пјонгјанг, додека Сеул продолжува со дипломатските активности за време на отворањето на Зимските олимписки игри.

Потпретседателот ќе ја предводи делегацијата на САД на церемониите на отворање на игрите, но рече дека го користи меѓународниот спортски настан како можност за свртување на вниманието кон Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG