Линкови за пристапност

Пет години од цунамито во Јапонија


И натаму нејасни ефектите од радијацијата од нуклеарката во Фукушима

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и царот Акихито одржаа комеморација во петокот за жртвите од големиот земјотрес и цунамито во 2011-та, што ќе остане забележана како една од најголемите светски нуклеарни катастрофи.

Во Токио и низ цела Јапонија луѓето оддадоа почит со едноминутно молчење точно во 14 часот и 46 минути по локално време, кога се случи големиот земјотрес на копно. Земјотресот генерираше серија од големи морски бранови, високи и до 17 метри кои уништија поголем дел од источниот брег на островот, при што загинаа речиси 20.000 луѓе.

Двајцата се поклонија на церемонијата во Токио на која беа присутни 1200 луѓе, вклучувајќи ги и преживеаните од погоденото подрачје.

„Во минатото нашиот народ претрпе голем број на катастрофи кои можат да се опишат како национални кризи но, секојпат ги надминувавме со детерминираност и надеж. Ќе продолжиме по стапките на нашите претци и ќе одиме напред“ изјави премиерот Абе.

Цунамито ја погоди нуклеарната централа Фукушима предизвикувајќи ја најголемата нуклеарна катастрофа по катастрофата во Чернобил, Украина во 1986-та. Три од реакторите во Фукушима беа оштетени, предизвикувајќи нуклеарна криза што испушти голема количина на радијација низ околината, загадувајќи ја водата, храната и воздухот.

Повеќе од 600.000 луѓе беа евакуирани од околните градови. Околу десет проценти од жителите се' уште живеат во привремени живеалишта спроти префектурата Фукушима.

XS
SM
MD
LG