Линкови за пристапност

На Трамп не му пречеле ракетните тестови на Северна Кореја


Претседателот рече дека ги гледа тестовите како обид за внимание од страна на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Претседателот на САД Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе имаат различно мислење за тоа дали Северна Кореја ја прекршила резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со неодамнешните ракетни тестови. Сепак, тие останаа обединети околу целта за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Обраќајки се на заедничка прес конференција по разговорите во Токио, Трамп рече дека ги гледа тестовите како обид за внимание од страна на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, и оти лично не е вознемирен поради тоа.

Од друга страна, Шинзо Абе изјави дека ракетните тестови ја прекршиле резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, и повтори дека во преговорите со Северна Кореја неговата Влада е заинтересирана за решавање на прашањето со киднапирање на јапонски граѓани од страна на Северна Кореја.

Трамп се фокусираше на економските прашања, изразувајќи ги неговите очекувања за постигнување трговски договори со Јапонија и Кина, што би довеле до намалување на американските трговски дефицити.

Тој, исто така, истакна дека гледа огромен економски потенцијал ако Северна Кореја направи договор што предвидува откажување од нуклеарното оружје.

Шинзо Абе го поздрави напредокот во трговските преговори со САД, особено во енергетскиот, дигиталниот и инфраструктурниот сектор.

Трамп рече дека би прифатил Шинзо Абе да биде посредник во преговорите меѓу САД и Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG