Линкови за пристапност

Олимписките игри во Токио можеби нема да се одржат ниту в година


Јапонски професор по зарaзни болести, предупредува дека ќе постои закана да се обнови епидемијата на КОВИД-19

Олимписките игри во Токио презакажани за следната година, веројатно нема да може да се одржат поради натамошната закана од коронавирус, изјави професорот по зарaзни болести Кентаро Ивата, во интервју за Клубот на надворешни дописници на Јапонија.

Според него, носењето спортисти и публика од цел свет, ќе биде преголем ризик за обновување на епидемијата на КОВИД-19.

Ивата рече дека Олимписките игри ќе бидат важни во обидите на Јапонија да го стави вирусот под контрола, како што и целиот свет се обидува да го направи истото.

Тој нагласи дека тие би можеле да се случат само ако се промени целиот формат, без публика и лимитирано учество, додавајќи дека е песимист оти дотогаш би се развила вакцина против вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG