Полицијата во Токио соопшти дека лице со автомобил намерно удрило во толпа луѓе кои ја прославувале Новата година, притоа повредувајќи најмалку осум лица.
Инцидентот се случил кратко по полноќ во познатиот моден дистрикт Харајуку во близина на светилиштето Меиџи.
Полицијата уапсила лице на 20-ти годишна возраст и против него е поднесено во обвинение за обид за убиство.
Facebook Forum