Линкови за пристапност

Јапонија се подготвува за нова ера


Кога јапонскиот император Акихито ќе абдицира од престолот, државата ќе влезе во периодот Реива

Јапонскиот император Акихито ќе абдицира од царскиот престол на 30-ти април. Кога ќе го стори тоа, ова ќе биде втор пат во скоро еден век откако Јапонија ќе влезе во нова ера.

Еден ден подоцна, на 1-ви мај започнува Реива ерата.

Јапонија е единствената држава во светот каде продолжува да се користи системот на ера, кој води корени од Кина.

Сегашната ера под императорот Акихито се нарекува Хеисеи што значи „насекаде да преовладее мир“ или „постигнување на мир“ и траеше 30 години.

Со оглед на тоа што сегашната ера се приближува кон крај многумина се навраќаат на она што се случуваше во изминатите три децении и на она што се очекува од иднината.

Името на новата ера беше избрано од голем број предлози поднесени од научници.

Ерата на Реива ги следи традиционалните упатства за именување: да се состои од само два јапонски карактери, лесно да се чита и пишува и да не бидат користени заеднички зборови.

Поврзаните карактери отприлика се преведуваат како декрет и хармонија. По објавувањето, јапонскиот премиер Шинзо Абе објасни дека Реива значи дека културата е создадена и негувана од луѓе кои „се грижат еден за друг“.

Абе додаде: „Со изборот на ново име, ја обновувам мојата посветеност за застапување на новата ера која ќе биде исполнета со надеж“.

Зборот реива доаѓа од колекцијата од околу 4.500 древни јапонски песни објавени во 20 книги и потекнува од осмиот век.

Најавата направена денес, на 1-ви април беше 248 од ваков вид и се надминува една од последните пречки пред принцот Нарухито да се качи на тронот.

Нарухито е роден на 23-ти февруари 1960-та година и две години студирал на Универзитетот Оксфорд, откако се стекнал со диплома по историја во Јапонија.

Императорот Акихито го започна владеењето на 8-ми јануари 1989-та година, еден ден по смртта на неговиот татко, царот Хирохито, кој е постхумно познат како император Шова.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG