Линкови за пристапност

Одбележани 75 години од нападот врз Хирошима


Поради пандемијата на коронавирусот оваа година церемонијата помина со помалку присутни

Преживеаните од првото атомско бомбардирање во светот денеска се собраа во Хирошима, Јапонија за да ја одбележат 75-годишнината од нападот.

Малата група во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима им оддаде почит на жртвите со минута молчење во 8:15 часот, точно моментот кога атомската бомба наречена „Мало момче“ беше испуштена од воениот авион на САД Енола Гаи, при што загинаа 140.000 луѓе, а целиот град беше разрушен.

За разлика од минатите години кога на одбележувањето присуствуваа илјадници луѓе, оваа година поради пандемијата на коронавирусот беа присутни само „хибакуша“, како што се познати преживеаните, нивните семејства и неколкумина достоинственици.

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Матсуи, ја повика јапонската влада да го потпише и ратификува договорот на Обединетите нации за забрана на нуклеарно оружје усвоен во 2017 година


Премиерот Шинзо Абе во својот годишен говор ги истакна заложбите на Јапонија за свет без нуклеарна енергија, велејќи дека земјата ќе дејствува „како мост“ меѓу нуклеарните сили во светот за да создаде заедничка основа за да постигне договор.

Но, градоначалникот на Хирошима, Казуми Матсуи, ја повика јапонската влада да го потпише и ратификува договорот на Обединетите нации за забрана на нуклеарно оружје усвоен во 2017 година, факт што ги фрустрира хибакуша. Јапонија е исто така под заштита на американскиот нуклеарен арсенал, и покрај антинуклеарните заложби на Токио.

„Денес, светот без нуклеарно оружје се чини дека е подалеку од нашето сфаќање“, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во видео порака која се емитуваше за време на церемонијата.

Гутереш предупреди дека „мрежата за контрола на оружјето, транспарентност и инструментите за градење доверба воспоставени за време на Студената војна и по неа, се распаѓа. Поделбата, недовербата и недостатокот на дијалог се закануваат да го вратат светот на неограничена стратешка нуклеарна конкуренција “.

„Сега е време за дијалог, мерки за градење доверба, намалување на големината на нуклеарните арсенали и целосна воздржаност“, рече шефот на О.Н.

Три дена по бомбардирањето на Хирошима следеше втор американски атомски бомбашки напад врз градот Нагасаки, во кој загинаа повеќе од 70.000 луѓе. Второто бомбардирање ја натера Јапонија да се предаде безусловно на Сојузничките сили на 15 август, со што се стави крај на Втората светска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG