Линкови за пристапност

Лажна тревога за ракетен напад во Јапонија


Уште едно лажно предупредување за ракетен напад од Северна Кореја - овој пат во Јапонија.

Јавниот радио-телевизиски сервис NHK испрати порака преку интернет и преку својата апликација за мобилни телефони во која стои дека „Најверојатно Северна Кореја лансирала ракета“ и ги повика луѓето да се засолнат во подземни простории или внатре во зградите.

Неколку минути подоцна NHK издаде нова порака нарекувајќи ја тревогата грешка.

Денешната лажна тревога се случи на само неколку дена откако беше објавено слично лажно известување во САД, кое во пацифичката сојузна држава Хаваи предизвика паника меѓу жителите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG