Линкови за пристапност

Шинзо Абе вети цврста дипломатија за Северна Кореја


Јапонскиот премиер ова го изјави еден ден по општите избори, на кои неговата коалиција освои двотретинско мнозинство

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изјави дека се надева оти ќе употреби „решителна и силна дипломатија“ за решавање на прашањата поврзани со севернокорејските нуклеарни и програмите за ракетни проектили.

Абе ова го изјави еден ден по општите избори, на кои неговата коалиција освои двотретинско мнозинство во долниот дом на парламентот.

„Се надеваме дека ќе го решиме нуклеарното и ракетно прашање на Северна Кореја, како и прашањето на јапонските киднапирани лица, водејќи решителна и силна дипломатија. Ќе ја продлабочиме координацијата со меѓународната заедница за да придонесеме Северна Кореја да го промени својот тек“, истакна Абе.

Јапонскиот лидер додаде дека прашањето за Северна Кореја ќе биде дел од разговорите со претседателот на САД Доналд Трамп, за време на неговата посета на Јапонија наредниот месец.

Но, јапонската јавност останува поделена околу предлогот на Абе, армијата да има поголеми овластувања во спречување на потенцијални закани од земји како Северна Кореја и Кина, и да ги поддржува сојузниците, како САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG