Линкови за пристапност

Токио најави отворање на театрите и кината од понеделник


На почетокот на неделава, премиерот Шинзо Абе стави крај на седумнеделната вонредна ситуација во државата

Официјалните лица на Токио најавија дека од понеделник ќе се дозволи отворање на дополнителен бизнис, вклучувајќи театри, кина, сали за вежбање и продавници.

На почетокот на оваа недела, премиерот Шинзо Абе стави крај на седумнеделната вонредна ситуација во државата, велејќи дека бројот на заразени со КОВИД-19 се намалил доволно, за да може да се продолжи со социјалните и економски активности.

Тој нагласи дека и натаму ќе важат мерките за социјално дистанцирање, како и другите превентивни здравствени препораки.

Гувернерот на Токио рече дека градот е подготвен за втората фаза на постепено отворање на бизнисот.

Денес во Токио се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус, што ја зголемува загриженоста за можен нов бран на заразени.

Досега Јапонија има регистрирано 16.700 заразени, и 870 смртни случаи, значително помалку од многу други држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG