Јапонскиот премиер Шинзо Абе, изјави дека Летните олимписки игри во Токио, можеби ќе бидат одложени, ако настанот не може целосно да се организира поради пандемијата со коронавирус.
Премиерот рече дека одлуката за откажување на Игрите, кои се закажани за 24 јули, нема да се донесе веднаш.
Ваквата најава уследи откако вчера Меѓународниот олимписки комитет, соопшти дека ќе ја следи ситуацијата во наредните неколку недели, и ќе одлучи какви чекори ќе се преземат во иднина, меѓу кои и за одложување на Олимпијадата за неколку недели, а можеби и година.
Заклучно со вчера, Јапонија регистрираше повеќе од 1.700 заразени со коронавирус, од кои преку 700 од крузерот кој беше ставен во карантин минатиот месец, во близина на Токио.
Досега во оваа држава има 30 смртни случаи како резултат на КОВИД-19.
Facebook Forum