Линкови за пристапност

Во Јапонија регистриран прв случај на коронавирус


Од коронавирусот едно лице почина во Кина, каде уште 41 лице се инфицирани од минатиот месец

Јапонија го потврди првиот случај на коронавирус поради кој претходно во Кина почина еден човек, а 41 лице се инфицирани од минатиот месец.

Министерството за здравство соопшти дека се работи за маж на возраст од околу 30 години, кој живеел во префектурата Канагава. Минатата недела тој бил хоспитализиран со симптоми на постојана кашлица и треска, која се развила по посетата на централниот кинески град Вухан, епицентарот на епидемијата. Министерството соопшти дека човекот се опоравил и е пуштен од болница.

Ова е втор пријавен случај на вирусот надвор од Кина, откако истиот е дијагностициран кај жена од Кина која патувала во Тајланд.

Ниту едно од овие лица не го посетило пазарот на морски плодови во кинескиот град Вухан, кој се смета за центар на епидемијата, а тоа предизвика страв дека вирусот може да се шири пренесувајќи се од човек на човек.

Вирусот е нов вид од истото семејство вируси што предизвика појава на неколку акутни респираторни синдроми, или САРС, поради што починаа над 600 луѓе во Кина и Хонг Конг меѓу 2002 и 2003 година. Откривање на новиот вид вирус се случува пред Лунарната Нова година, кога стотици милиони Кинези обично патуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG